Познатиот аналитичар на „ЕСПН“, Питер Бодо, тврди дека Новак Ѓоковиќ е вистински Супермен во светскиот тенис. Бодо исто така верува дека Србинот ќе ги достигне 17-те трофеи на Федерер и на тој начин ќе стане најуспешниот тенисер во светот.
Романката Симона Халеп изјави дека ја одложила операцијата на носот, како би настапила за својата репрезентација на ФЕД купот против актуелните освојувачи, репрезентацијата на Чешка. Романија денес во Клуж ќе игра против Чешка, а 24-годишната Халеп за противник ќе ја има Каролина Плишкова.
Иако, мали се шансите на Марија Шарапова да настапи на претстојниот дуел на Русија против Холандија во рамките на ФЕД купот, таа се најде на списокот на тенисерки кои ќе ги бранат боите на својата нација, со што се зголемуваат можностите Шарапова да настапи во Рио на олимпискиот тениски турнир.
Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро, го потврди враќањето на тениските терени. Првиот настап за Аргентинецот ќе биде на „Делреј Бич“ турнирот во Флорида.
Најуспешниот тенисер во историјата, Роџер Федерер, ќе биде еден месец надвор од терените, поради операција на менискусот. Федекс оваа информација ја објави на својот официјален Фејсбук профил во кој напиша:
Иако не планираше, шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе настапи на турнирот во Буенос Аирес и ќе ја брани титулата освоена минатата година. Некогашниот рекет број еден самиот побара вајлд карта по елиминацијата во првото коло на АО.
По новата титула на Австралија опен, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ одлучи своето време да го посвети на хуманитарни цели и да им помогне на децата од социјално загрозени семејства во Мелбурн.
Во основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вождовац првите училишни денови ги имале многу познати актери, политичари и спортисти, меѓу кои и тенисерот Новак Ѓоковиќ. Наставниците од ова училиште од Ѓоковиќ научиле важна лекција. Всушност, додека тој не одел на училиште за да тренира, тие немале доволно разбирање и не го поддржувале.
И синот на Новак Ѓоковиќ, малиот Стефан, го следеше својот татко како го освојува рекордниот шести трофеј на Австралија опен. Меѓутоа, наместо да навива „Тато, тато“, Стефан извикуваше „Мама, мама“!
Погледнете ги најдобрите моменти од првиот Грен слем во новата година. Четиринаесет дена на неверојатни тениски моменти, поени, фер-плеј, фантастична поддршка од публиката. Од легендарниот Хјуит, на кого ова му беше последен турнир во кариерата, па сè до неверојатните поени на шампионот Ѓоковиќ.
Поранешниот шведски тенисер Матс Виландер, по освојувањето на рекордниот шести трофеј на Австралија опен на Србинот Новак Ѓоковиќ, вели дека тој едноставно е предобар за своите конкуренти.
Продолжува победничката серија на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ. Утринава, во еден спектакуларен меч во три сета, тој го покори својот ривал Енди Мареј, со што по шести пат го освои првиот Грен слем во годината, Австралија опен.
Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата бајка во светот на машкиот тенис. Српскиот тенисер ја покажа својата моќ и го освои Австралија опен и оваа година. Немаше дуел на два расположени тенисери во финалето, туку едноставно монолог на Србинот во поголемиот дел од надигрувањето кое траеше скоро два и пол часа.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на Австралија Опен откако денес во финалето го совлада Енди Мареј со 3-0 во сетови (6-1, 6-3, 7-6), со што успеа по шести пат да биде победник на првиот Грен слем турнир во годината.
Анџелика Кербер денес ја освои својата прва Грен слем титула, победувајќи во финалето на Отвореното првенство на Австралија против фаворитката Серена Вилијамс со 2-1 (6-4, 3-6, 6-4).
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е познат по своите шеги. Овој пат на мета му беше новинар кој правеше рапортажа за време на тренингот на Србинот на „Род Левер“ арената. Ноле не можеше да се воздржи и упати неколку топчиња кон него.