Првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, по малку изненадувачки изјави дека на престојниот Грен Слем во Париз, тој не се гледа како главен фаворит за титулата. Оваа улога му ја препушти на „кралот на земјата“ и деветкратниот освојувач на трофејот во Франција, Рафаел Надал.