Сè повеќе бизарни моменти ни доаѓаат од тениските терени. По срамниот испад на Иван Додиг, кога вербално го нападна главниот судија, па Глигор Димитров одлучи на 40-40 да го предаде мечот и да ги искрши сите негови рекети, вчера нов непрофесионален потег се случи на АТП Мастерсот во Мадрид, а во главната улога беше австралискиот тенисер, Бернард Томиќ.