На само еден ден од почетокот на вториот овосезонски Гран Слем, Ролан Гарос, на кој поради повреда нема да настапи најуспешниот тенисер во историјата, Роџер Федерер, еден љубител на тенисот направи монтиран комичен скајп разговор меѓу Швајцарецот и Новак Ѓоковиќ. Во овој монтиран разговор Ѓоковиќ се фали со својот освоен трофеј во Мелбурн, а тоа не му се допадна на Федекс па одлучни нервозно да го напушти разговорот. Се разбира дека ни малку не е ваков односот на големите тенисери и сигурно за оваа шала Федерер нема да му замери на тенискиот фан кој го направи ова видео.