Швајцарецот, Роџер Федерер во наредната 2017 година ќе ја започне 20. професионална сезона. Во истата ќе стартува со настап на „Хопман купот“ во Перт, за првпат по далечната 2002 година, кога настапуваше во пар со неговата сопруга, Мирка. Новиот партнер на швајцарскиот тенисер ќе биде 19-годишната Белинда Бенчиќ, а турнирот ќе биде одигран од 1 до 7 јануари.