Станислав Вавринка се намачи да се пласира во третото коло на Мастерсот во Торонто, откако со 7-6/3, 7-6/8 го совлада Михаел Јужни од Русија. Ветеранот Иво Карловиќ со пресврт го совлада Американецот Фриц со 2-1 во сетови (6-7/9, 7-6/5, 6-2), а Фабио Фоњини лесно се справи со Американецот Џонсон со 6-4, 6-4.