Легендарниот тениски тренер, Ник Болитери повторно наведе дека Новак Ѓоковиќ е најсовршениот тенисер во историјата кој го има видено, дури и пред Роџер Федерер. 85-годишниот Американец, кој во текот на својата богата тренерска кариера создаде многу тениски великани, исто така вели дека Федерер е дар од Бога, а за Надал рече дека е тешко повторно да игра врвен тенис.