Зверев со порака до Ѓоковиќ: Ќе те претепам ако не го освоиш УС Опен!

Зверев Ѓоковиќ

Јавноста добро знае за пријателскиот однос кој го изградија Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев низ годините. Тие двајца беа дел од второто полуфинале на овогодишното издание на УС Опен, кое заврши со среќен крај за Србинот.

По мечот, Германецот се сретна со својот ривал на мрежа, а првиот светски рекет откри каква била неговата порака:

„Зверев воопшто не ме изненади. Сме играле еден против друг многу пати на толку високо ниво. Нема тајни меѓу нас. Ист е случајот и со Медведев.

Тој ми посака среќа и пријателски ми рече дека ќе ме претепа ако не ја освојам титулата во недела. Шегата настрана, убаво се сложуваме и навистина му е убаво да ми упатува такви зборови на мрежа и во соблекувалната по натпреварот“, открива српскиот ас.

Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Данил Медведев во големото финале во Њујорк, кое се игра в недела со почеток од 22:00 часот.

Најнови вести од
УС Опен