Зверев и Циципас до четвртфинале во Рим, Оже-Алијасим го чека Ѓоковиќ

Фаворитите одиграа според планот во осминафиналето на АТП турнирот од Мастерс серијата во Рим.

Вториот носител Александар Зверев беше подобар од Алекс Де Муниер со 2-0 (6-3, 7-6). Германскиот ас играше 110 минути против ривалот од Австралија пред да триумфира на дуелот. Де Муниер дозволи два брејка, а иако одзеде противнички сервис, го загуби првито сет со 6-3. Во вториот имаше поголема борба, во која по тај-брејк се радуваше Зверев. 

Победа со еден загубен сет запиша Стефанос Циципас против Карен Качанов (2-1). Гркот прво беше во негатива откако го загуби првиот сет со 6-4, но возврати со експресни 6-0. Во одлучувачкиот сет Циципас со еден одземен гем на противнички сервис дојде до предност и со 6-3 до победата на дуелот. 

Феликс Оже-Алијасим триумфира против Маркос Џирон (2-0), откако за час и половина дојде до победа во осминафиналето. Канаѓанецот беше сигурен и со 6-3 и 6-2 дојде до победата, па го чека Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето. Фаворитската улога ја оправда и Јаник Синер против Филип Крајиновиќ (2-0).