Тренерот на Медведев го откри рецептот за победа над Ѓоковиќ: Не постои магично стапче, туку...

Жил Сервер, тренерот на новиот шампион на УС Опен, Данил Медведев, изјави дека не постои магичен рецепт да се победи најдобриот на денешницата, Новак Ѓоковиќ.

Неговиот ученик во финалето на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави го направи најголемиот досегашен успех во кариерата, затоа што со сигурни 3-0 славеше над првиот рекет на АТП и го освои својот прв Грен слем трофеј.

„Се разбира, лесно е да се каже. Но, не постои магично стапче. Треба да го играте најдобриот тенис, да имате квалитет во ударите, но и да знаете дека треба да ја смените стратегијата за време на натпреварот, бидејќи Новак ќе се прилагоди на вас. Мора да го почувствувате моментот кога треба да направите нешто поинакво. Имавме неколку различни тактики за време на натпреварот. Особено кога Данил ја удираше топката во средината на теренот за да не ги отвора аглите и да не мора да трча многу. Се разбира, добриот сервис исто така беше еден од клучните сегменти. Тој служеше многу добро“, рече Сервер.

Русинот одигра брилијантен тенис и на Ѓоковиќ му дозволи само еден брејк, а освои дури 81% од поените на прв сервис.

Најнови вести од
УС Опен