Тенискиот врв со нетрпение го чека Рио, додека останатите го откажуваат настапот на ЛОИ

Откако настап на ЛОИ во Рио откажаа Доминик Тием, Џон Иснер и Фелисијано Лопез, утрово им се приклучи и австралискиот тенисер Бернард Томиќ. Тој изјави дека наместо настап на Олимпијада ќе учествува на турнирот во Мексико, кој се игра во истиот период. 

„Донесов тешка одлука. Нема да настапам за мојата земја на Олимпијадата во Рио. Густиот распоред и личните обврски се главните причини за оваа одлука. Се надевам дека нема да ги разочарам моите фанови, што наместо во Рио ќе играм во Мексико, но отсекогаш мислам дека ги носам праведните одлуки“, изјави 22. тенисер на светот. 

Се шпекулира дека тенисерите се откажуваат од Рио поради фактот дека овој турнир нема да носи АТП поени како претходните. За разлика од Тием, Иснер, Томиќ најдобрите тенисери Ѓоковиќ, Федерер, Надал, Мареј изјавија дека со нетрпение чекаат турнирот во Рио да започне.