• Горан Упале

Девојката која сигурно го има најдолгото презиме во тенискиот свет доби „специјален покана“ на Ролан Гарос, вториот Грен Слем турнир сезонава.
Теса Андрианјафитримо има 17 години и потекнува од Мадагаскар и за неа настапот во Париз ќе ѝ биде прво учество на голем турнир, а доколку таа успее да направи сериозна кариера сигурно новинарите ќе мораат да го „кршат јазикот“ за да го изговорат нејзиното име.
Кај девојките освен Андрианјафитримо „специјална покана“ добија и Осеан Додан, Митил Жорже, Амандин Хесе, Ализе Лим, Виржини Разено и Американката Тејлор Таузенд, додека кај мажите оваа покана стигна кај Грегор Барер, Жилијен Бенето, Стефан Робер, Матијас Боргу, Квентин Алис и Констант Лестијен.