Серена Вилијамс се справи со Бегу и ќе игра финале во Рим против Кејс

Во очекување на машкото финале, љубителите на тенисот во Рим дознаа дека утре попладне во предиграта за дуелот на тениските ѕвезди ќе се сретнат две тенисерки од САД во борбата за титулата кај дамите. 

Серена Вилијамс ја совлада Ирина Бегу со 2-0 во сетови (6-4, 6-1). Вилијамс играше одлично во текот на мечот и посебно во централната фаза потсети на своите најдобри моменти. Таа освои пет гема по ред и ја заврши работата во полуфиналето. 

Медисон Кејс, која ја совлада Гарбине Мугуруза ќе биде противникот на Серена во утрешното финале на „Фото Италико“ во „вечниот град“.