Сензација во Рим: Бледиот Федерер елиминиран од Доминик Тием

Заврши престојот на Роџер Федерер во Рим, откако по еден час и 20 минути игра во два сета 7-6/2, 6-4, загуби во осминафиналето од Доменик Тием. 

Швајцарецот на Мастерс 1000 турнирот во Рим допатува ровит од последната повреда, и по вчерашната победа над Зверев изјави дека неговиот денешен настап е под знак прашалник, поради нови болки. Па така на дуелот против австрискиот тенисер не можевме да го видеме оној стариот претпознатлив стил на игра на Федерер а сето тоа на извонреден начин го искористи 15. тенисер на светот. 

Следен противник на Тием во Рим ќе му биде победникот од дуелот меѓу Нишикори и Гаске.