Реприза од Мадрид: Нишикори го совлада Тием за полуфинале со Ѓоковиќ

Јапонецот Кеи Нишикори е последниот полуфиналист на АТП Мастерсот во Рим. Во денешното четвртфинале Нишикори со 2-0 во сетови беше подобар од Доминик Тием. Во утрешното полуфинале тој за противник ќе го има Новак Ѓоковиќ, од кого загуби во истата фаза на претходниот Мастерс во Мадрид.

Стартот на првиот сет подобро го отвори Австриецот и прв направи брејк за водство од 2-1 во гемови. Сепак до крајот на првиот сет Јапонецот возврати со одземање на два сервиси на Тием и го доби првиот сет со 6-3.

Во вториот сет се играше израмнето до резултат 5-5 иако до тој момент и двата тенисери имаа брејк топки за одземање на сервисот на противникот. Клучен беше 11 гем во кој на сервис беше Тием, а Нишикори го одзеде без да загуби поен и поведе со 6-5. Веќе во следниот го потврди брејкот и го освои вториот сет со 7-5, за конечни 2-0 во сетови.