Поен на сезоната: Ѓоковиќ и Зверев разменија 53 удари и добија стоечки овации (ВИДЕО)

Ѓоковиќ Зверев

Александер Зверев беше достоен противник за Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен. На крај, сепак, најдобриот играч на денешницата беше за нијанса подобар и обезбеди финале со победа од 3-2 во сетови.

Поенот на турнирот, а можеби и на сезоната се случи во третиот сет. Полуфиналистите разменија 53 удари, публиката уживаше во секој од нив и на крај ги поздрави со громогласен аплауз.

  • Спектакуларниот поен на Ѓоковиќ и Зверев:

Србинот го загуби поенот, но потоа се избори за освојување на третиот сет, со што си го отвори патот кон триумфот.

Најнови вести од
УС Опен