Надал тренираше по победата над Иснер: Морам да надополнам она што го пропуштив

Само што го заврши мечот со Џон Иснер, Рафаел Надал на својот тим во ложа им порача: „Писта, писта“. Во превод, да му најдат терен каде што ќе може да тренира. 

Шпанскиот ас со 2-0 славеше на соочувањето со Американецот и се пласира во осминафиналето од Мастерсот во Рим, а веднаш по победата се фати за работа и одработи тренинг.

„Морам да го надополнам она што го пропуштив поради повредата за да бидам подготвен за неколку недели (Ролан Гарос). Секако дека сегашноста е приоритет, но морам да размислувам на среден и на долг рок. Единствениот начин да го направите тоа е да работите. Натпреварот не беше физички напорен, чувствував дека можам малку повеќе. Ништо повеќе од тоа“, рече Надал, кој наскоро ќе наполни 36 години.

Во битката за четвртфинале Надал ќе се судри со Шаповалов, во последниот меч во четврток во Рим.