Надал се измачи, но го совлада Киријос за четвртфинале во Рим

Рафаел Надал

Рафаел Надал избори четвртфинале на турнирот во Рим, откако по два часа игра го совлада Ник Киријос со 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-3).

Првиот сет, иако имаше брејка на двете страни, беше решен во 13. гем, каде Австралиецот одигра феноменален тенис за да поведе 1-0 во сетови. Сепак, Надал се врати во игра со убедлив втор сет, каде на два пати го одземаше сервисот на противникот. Во одлучувачкиот сет, шпанскиот тенисер направи клучен брејк во третиот гем и ја задржа предноста до самиот крај за ново четвртфинале во Рим. Противник во четвртфиналето ќе му биде победникот од дуелот Ѓоковиќ - Белучи. 

Претходно, елиминација од турнирот му се случи на Стен Вавринка, кој во три сета загуби од Аргентинецот, Хуан Монако (6-7, 6-3, 6-4).