• Горан Упале

„Кралот на земјената подлога“, Рафаел Надал, забележа нов неуспех на Мастер турнирите. Откако во Мадрид беше елиминиран од соранодникот Карлос Алкараз, во четвртфиналето во Рим испушти водство од 1-0 во сетови и го загуби дуелот со Денис Шаповалов.
„Бикот од Мајорка“ по рутинската победа над Иснер во два сета, вечерва фуриозно го започна дуелот со канадскиот тенисер и во првиот сет демонстрираше сила и во водство од 1-0 стигна со само еден загубен гем (6-1).
Вториот сет започна со крајно возбудлив прв гем, во кој Надал не искористи три брејк топки и потоа неговата игра драстично падна. Шаповалов одлично го искористи тоа и поведе со 4-1, но искусниот Шпанец собра сили и со три врзани гема израмни на 4-4. Шаповалов одново поведе и во дванаесеттиот гем му зададе нов удар на фаворитот и со нов брејк се избори за израмнување на 1-1.
Одлучувачкиот сет започна со нов шок за рекордерот и почетно водство на шеснаесеттиот тенисер на светот. Надал, откако го загуби првиот сет, со рибрејк се врати во игра и израмни на 1-1, но следуваше нов пад во неговата игра, која донесе победа на помладиот ривал од 6-2.
Во следното коло Шаповалов ќе се сретне со Руд, кој денес беше сигурен во пресметката со Бруксби.