Надал на патерици соопшти дека имал „медицински третман“ на стапалото

Во периодот кога тенискиот свет бруи за големата победа на Новак Ѓоковиќ над Александар Зверев и пласманот во финалето на УС Опен, Рафеал Надал соопшти дека имал зафат на левото стапало.

Засега не е познато дали станува збор за операција, затоа што Рафа на „Инстаграм“ напиша дека се работи за „медицински третман“ и не е сигурно дали станува збор за поголема или помала процедура. Тоа е повреда од која Шпанецот страдаше долги години, а летово го спречи да учествува на Вимблдон, Олимписките игри, Мастерсот во Синсинати и Канада, како и на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави.

„Сакам да ви соопштам дека бев во Барселона со мојот тим и тимот доктори со цел да добијам третман, по кој ќе морам да одморам неколку дена. Се враќам дома и го започнувам процесот на заздравување“, напиша Рафа на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на сите што го поддржуваат.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Во моментов, Надал е петти тенисер во светот, а бидејќи не играше на УС Опен, од следната недела ќе загуби уште најмалку една позиција.