Надал ја прескокна првата пречка во Рим: Совладан Колшрајбер во два сета

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со победа го започна петтиот Мастерс во 2016 година на „Форо Италико“ во Рим. Победникот на Монтекарло и полуфиналистот во Мадрид беше подобар од Германецот Филип Колшрајбер со 2-0 во сетови 6-3, 6-3.

Со по еден брејк во двата сета Надал ја забележа седмата последователна победа против Колшрајбер. Давид Ферер го доби шпанското дерби против Гарсија Лопез со 2-0 во сетови (6-4, 6-3), а во мечот на двата сервери Кирјиос беше подобар од Раониќ со 2-0 во сетови (7-6/5, 6-3).

Ришар Гаске беше подобар од Андреа Сепи од Италија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4), а Џереми Шарди мина во третото коло со победата против Роберто Баутиста - Агут со 2-0 во сетови (7-6/6, 6-3).