Надал искрен: Да играш во ерата на Ѓоковиќ? Тоа е среќа и несреќа!

Вчера во четвртфиналето од Мастерсот во Рим, Рафаел Надал во два сета 7-5, 7-6 загуби од првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ. Со оваа победа српскиот тенисер ја зголеми предноста во најголемото ривалство во историјата на тенисот на 26-23. 

По вчерашниот пораз „кралот на земјената подлога“ изјави дека е среќен што беше дел од еден спектакуларен дуел и додаде дека е среќа и несреќа е што се натпреварува во ерата на Новак Ѓоковиќ.

„Среќен сум што бев дел од еден спектакуларен дуел и сакам да му честитам на мојот ривал за победата, одигра одлично. На овој дуел немав многу среќа. Не искористив многу шанси во првиот сет и кога беше најпотребно Новак ги пронаоѓаше вистинските удари за да ме надмудри. Морам да бидам искрен и ќе кажам дека се чувствувам среќен, а и несреќен во исто време, што играм во ера на Новак Ѓоковиќ“.

Потврда плус дека Србинот и тоа како доминира против Надал во последниот период е фактот што Ѓоковиќ има победено 15 сета во низа против Шпанецот, а исто така стана и првиот тенисер кој 26 пати успева да победи против својот голем ривал.