Медведев стои на патот на тениската бесмртност на Ѓоковиќ

УС Опен финале

Со денешното финале во машка конкуренција ќе се комплетира уште еден УС Опен. Данил Медведев и Новак Ѓоковиќ, како први двајца носители на турнирот, ќе бидат дел од мечот за титула.

Русинот доста рутински стигна до финалната пресметка со првиот светски рекет. Без загубен сет го среди младиот Феликс Ожие Алиасим. На спротивната страна неговиот ривал долго време остана на теренот и по маратонски меч со пет сета го елиминира Александер Зверев.

Голем фаворит за победата е српскиот тенисер. Тој славеше на сите три досегачни Грен слем турнири оваа сезона. На патот до исторскиот „Златен слем“, кој последен го оствари Род Лејвер, му стои 25-годишникот од Москва, кого го победи во финалето на Австралија опен на почетокот на годината.

Досега финалистите на овогодишниот УС Опен имаат одиграно осум меѓусебни дуели. Србинот води со 5-3, победувајќи на единствениот меч во тековната сезона. 

Ѓоковиќ игра за многу рекорди и историски подвиг. Сите очекуваат да одговори на предизвикот и да ја освои титулата број 21 на големите турнири. Со тоа ќе се одлепи од Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои имаа убава предност пред почетокот на сезоната. Меѓутоа 34-годишникот игра сезона од соништата, можеби најдобра во својата кариера.

Мечот за титула во Њујорк се игра вечерва со почеток од 22:00 часот.

Најнови вести од
УС Опен