Медисон Кејс е првата финалистка на Мастерсот во Рим

Американката Медисон Кејс е првата финалистка на Мастерсот во Рим и победникот од второто полуфинале помеѓу Вилијамс и Бегу ќе и биде противник во утрешното финале.

Кејс беше подобра од Мугуруза од Шпанија со 2-0 во сетови (7-6/6, 6-4) и за првпат ќе игра во едно финале на турнир од Мастерс серијата.

Финалето е утре попладне од 14.00 часот и ќе му претходи на машкиот финален дуел.