Мареј со помош на публиката победи на стартот на Вимблдон

Енди

Домашниот миленик Енди Мареј го победи Џејмс Дакворт во првото коло од овогодишното издание на Вимблдон (4-6, 6-3, 6-2, 6-4).

Поранешниот шампион на турнирот во Лондон започна со сет негатива. Но, потоа заигра на посакувано ниво и пронајде решение за играта на австралискиот ас. Публиката исто така одигра улога во неговата победа, поддржувајќи го во текот на целиот меч.

Во наредното коло Мари ќе се соочи со американскиот сервер Џон Иснер.