• Зоран Мишевски

Британецот Енди Мареј обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Рим по победата во мечот од четвртфиналето против Даниел Гофин од Белгија со 2-0 во сетови (6-1, 7-5).
Исто така место во утрешното полуфинале има и за Французинот Пуиј, бидејќи Хуан Монако го предаде мечот од четвртфиналето заради повреда која ја здоби на мечот со Вавринкја вчера попладне.
Попладневната програма го носи дуелот на Ѓоковиќ и Надал, како и последното четвртфинале помеѓу Тием и Нишикори.