Мареј посакува да ја врати соработката со Иван Лендл

Најдобриот британски тенисер, Енди Мареј, за британските медиуми призна дека уживал во работењето со Иван Лендл и додаде дека посакува и повторно да соработува со легендарниот тенисер. 

Пред неколку дена Мареј ја раскина соработката со својот тренер, Амели Морезмо, па низ странските медиуми на големо се шпекулира дека токму Лендл ќе биде негов нов предводник.

„Уживав во работата со Лендл. Имав одлични резултати со него. Би сакал повторно да работам со него, но времето е голем проблем кога се работи за поранешни тенисери“, изјави Мареј.

Легендарниот чешки тенисер моментално работи како тренер на најдобрите јуниори во Америка и во овој момент тешко е да се очекува дека би ја прифатил понудата на Мареј.