Мареј не се ни замори, а веќе е во финалето на Мастерсот во Рим

Британскиот тенисер Енди Мареј е првиот финалист на Мастерсот во Рим на терените на „Форо Италико“ во Олимпискиот комплекс. Мареј во првото полуфинале не се намачи премногу да го победи изненадувањето од Франција Лукас Пуиј со 2-0 во сетови (6-2, 6-1). 

Пуиј кој е 52. тенисер на светот во полуфиналето стигна откако Аргентинецот Хуан Монако го предаде мечот од четвртфиналето по повредата против Вавринка ден претходно. Мареј по финалето во Мадрид, пак стигна во завршниот меч, а вечерва ќе го дознае својот противник.

Ѓоковиќ и Нишикори од 20.00 часот ќе го играат второто полуфинале во една недела, откако Србинот славеше со 2-0 во сетови минатиот петок во „Магичната кутија“ во Мадрид.