Лина Ѓорческа продолжи да се искачува на ВТА листата

Лина Ѓорческа тениса

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа продолжува со нагорна линија, кога е во прашање ВТА листата. На најновата таа се искачи за едно место и сега е 219. тенисерка во светот.

Местото можеше да биде уште подобро доколку не се одложеше турнирот во Бурса, каде Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето. Со трите победи во Турција нашата тенисерка стигна до скор од 30 победи и само 9 порази во тековната сезона.

Исто така, Ѓорческа напредуваше и на ВТА листата за двојки, каде сега се наоѓа на 183. место во светот.