Лина Ѓорческа ќе игра на фјучрс-турнирот во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со настапите на фјучрс-турнирите и следна станица ќе биде Италија.

Тетовчанката се пријави на фјучрсот во Рим кој следи на програмата. Турнирот е вреден 60.000 долари, се игра на земјена подлога, а Ѓорческа во моментов е втора според ранкингот во квалификациите. Можно е таа да се најде во главната фаза, но се ќе зависи од конечната листа.

ИТФ-фјучрсот во италијанскиот град стартува на 12 мај. Претходно, Ѓорческа во месец април играше на турнирите во Копер, Загреб и Санта Маргерита ди Пуља, а најголемиот успех го оствари во италијанскиот град каде дојде до финалето во сингл-конкуренција.