Карловиќ и Монфилс ќе се борат за титулата во Вашингтон

Францусиот тенисер Гаел Монфилс е првиот финалист на АТП турнирот во Вашингтон на тврда подлога. Во турнирот кој е подготовка за Мастерсот во Торонто, Монфилс со 2-0 во сетови го победи Алексадар Зверев од Германија со 6-4, 6-0.

Противник во финалето на Монфилс ќе биде Иво Карловиќ, кој во второто полуфинале беше подобар од Американецот Џонсон со 6-4, 6-4.

Откако освои турнир минатата недела високиот Хрват има можност пак да освои АТП турнир и да потврди колку е незгоден и за најдобрите светски тенисери.