Јотовски остана без сили за финале во Добој

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски немаше сили за уште еден подвиг и загуби во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Добој. 

По вчерашната победа во три сета 4-6, 6-2, 6-2 против австрискиот тенисер Давид Почлар, утрово Јотовски беше поразен од Хрватот Кристијан Месарош, во два сета со 5-7,0-6.

Овој турнир кој се одржува во Добој има награден фонд од 10.000 долари.