И тоа се случи: По три и пол години Ѓоковиќ загуби сет со 6-0

Првпат по 2012 година, се најде тенисер кој успеа да му одземе сет на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ со 6-0. Тоа му појде од рака на Бразилецот Томаш Белучи на денешниот натпревар од третото коло на АТП Мастерсот во Рим. 

Последен на кого му појде од рака да го совлада Ѓоковиќ со 6-0 во еден сет беше Роџер Федерер во 2012 година на турнирот во Синсинати. Претходно со 6-0 Новак има загубено сет и од уште неколку тенисери:

Франсиско Коста – Будимпешта (2004 година)
Марат Сафин – Австралија Опен (2005 година)
Гаел Монфилс – УС Опен (2005 година)
Ришард Гаскет – Португалија (2007 година)
Николај Давиденско – Мастерс финале (2008 година)
Марди Фиш – Индијан Велс (2010 година)
Кеи Нишикори – Базел (2011 година)