Халеп и Кербер ќе се борат за финале во Монтреал

Симона Халеп

Симона Халеп против Анџелика Кербер е првата полуфинална двојка на ВТА Мастерс турнирот, кој се игра во Монтреал.

Романската тенисерка мораше да прави пресврт во дуелот со Светлана Кузњецова за да стигне до најдобрата четворка во Канада. Првиот сет, Русинката играше на високо ниво, што резултираше со водство од 6-3. Меѓутоа, следуваа два доминантни сета во корист на Халеп, која на крај славеше со 2-1.

Во второто четвртфинале денес, Анџелика Кербер убедливо славеше против Дариа Косаткина од Русија. Германката не и даде шанса на својата противничка и со два лесни сета по 6-2 и закажа дуел со Симона Халеп.

Во утрешните четвртфиналиња ќе се сретнат Павличенкова против Кејс и Конта против Куцова.