Гвадалахара го менува Шенџен како домаќин на завршниот Мастерс

Завршниот тениски ВТА Мастерс сезонава ќе се игра во мексиканскиот град Гвадалахара, наместо во Кина, беше објавено од седиштето на тениската организацијата.

Турнирот на најдобрите осум тенисери требаше да се одржи во Шенжен, Кина, во ноември, а ВТА не наведе причина за промената, додавајќи дека финалето ќе се врати во кинескиот град следната година. Шенжен беше домаќин на финалето за првпат во 2019 година, додека минатата година турнирот не се одржа поради пандемијата на коронавирус. Кинескиот град треба да биде домаќин до 2030 година.

Голем број спортски настани се преместени од Кина поради ограничувањата за патување, поврзани со пандемијата.

„Одушевени сме што турнирот оваа глдина ќе се игра во возбудливиот и живописен град Гвадалахара“, рече Стив Сајмон, извршниот директор на ВТА.

Годинава ќе биде првпат најдобрите тенисери да играат финале во Мексико, и за првпат во Северна Америка, од 2005 година.