Ѓорческа загуби во ист ден и во сингл и во дубл на фјучерсот во Ѓер

Лина Ѓорческа ги заврши своите настапи на ИТФ фјучерсот во унгарскиот град Ѓер.

266-тенисерка на светот загуби од втората носителка, Барбара Хас од Австрија, во два сета, со 6-3, 6-4.

Ѓорческа загуби и во двојки заедно со Турчинката Пемра Озген, откако загубија во четвртфиналето од чешко-словенечката комбинација Мухова и Зиданшек со 6-2, 6-3.