Ѓоковиќ уште еднаш подобар од Надал за полуфинале во Рим

Новак Ѓоковиќ Рим

Новак Ѓоковиќ е третиот полуфиналист на Мастерсот во Рим, откако по голема борба беше подобар од Рафаел Надал со 2-0 во сетови (7-5, 7-6), во 49. меѓусебен дуел.

Првиот сет помина во знакот на шпанскиот тенисер, кој имаше контрола, до моментот додека не мораше да сервира за сет. Тогаш Ѓоковиќ направи брејк и подоцна успеа да направи целосен пресврт и да стигне до 7-5. Во вториот сет имаше голема борба, но на крај Србинот покажа зошто е најдобар на светот и во тај-брејкот го елиминира Надал.

Во полуфиналниот дуел, Ѓоковиќ ќе го очекува подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Тием и Нишикори.