Ѓоковиќ со нов тренер на Олимписките игри во Рио

Новак Ѓоковиќ и Ненад Зимоњиќ

Светскиот рекет број еден ќе патува за Бразил со нов тренер во својот табор. Се работи за Душан Вемиќ, кој ќе ја предводи српската репрезентација во Рио.

Неговите актуелни тренери, Марјан Вајда и Борис Бекер нема да присуствуваат на неговите настапи на ЛОИ. Вемиќ и претходно има работено со Ѓоковиќ на Мастерс турнирот во Мајами, каде српскиот тенисер ја освои титулата.

Во Рио, Новак ќе учествува и во сингл и во дубл конкуренција заедно со својот колега од репрезентацијата Ненад Зимоњиќ.