Ѓоковиќ со леснотија го реши стариот познаник Вавринка

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ со леснотија го победи Станислав Вавринка со 2-0 (6-2, 6-2) и се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Рим. Српскиот ас против стариот познаник одигра моќно, за час и 16 минути стигна до победата и закажа пресметка со Феликс Оже-Алијасим. 

Ѓоковиќ веднаш на стартот отвори со брејк, а потоа и во седмиот гем направи огромна предност, па со 6-2 го реши сетот во своја корист и поведе. Вавринка двапати во низа грешеше на свој сервис и во вториот сет, меѓутоа му одзеде еден брејк на фаворитот пред да го положи оружјето одново со 6-2. 

Четвртфиналната пресметка меѓу Ѓоковиќ и Оже-Алијасим е закажана за утре од 10:00 часот. 

Изненадување приреди Кристијан Гарин и со 2-1 го победи Марин Чичиќ, па во четвртфиналето оди на Стефанос Циципас.