Ѓоковиќ се намачи со Белучи и обезбеди дуел со Надал

Новак Ѓоковиќ во третото коло на АТП Мастерсот од 1000 серијата во Рим по голема битка успеа да го совлада Бразилецот, Томаш Белучи со 2-1 во сетови. Бразилецот пружи голем отпор, особено во првиот сет, кој го доби со 6-0, со што е прв тенисер по 2012 кој успеаа да му одземе сет, оставајќи го на нула.

Првиот сет на големо изненадување Бразилецот го реши во своја корист за само 25 минути и тоа со убедливи 6-0. Во вториот сет Србинот одигра на многу повисоко ниво, сигурен беше на свој сервис, а успеа да го одземе противничкиот сервис во шестиот гем. До крајот рутински го освои вториот сет со 6-3, за изедначување на 1-1 во сетови.

На стартот на третиот веднаш направи брејк, кој подоцна го потврди и во седмиот гем за освојување на сетот со 6-2 и пласман во следната рунда. Во утрешното четвртфинале Новак Ѓоковиќ за противник ќе го има Рафаел Надал.