ВИДЕО: Ѓоковиќ опцу на српски среде меч, судијата странец го разбра, па...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра за репрезентацијата во рамки на Дејвис Купот. Во мечот со Германија, првиот рекет успеа да слави над Јан-Ленард Штруф со 2-0 (6-2, 6-4), а се случи интересен момент.

Имено, лут поради еден загубен поен, Ноле опцу на натпреварот. Тоа се случи на отворањето на вториот сет. И покрај тоа што судијата е странец, ги позна зборовите на Ѓоковиќ и јавно го предупреди за речникот.

  • Реакцијата на Ѓоковиќ и предупредувањето од судијата:

Ѓоковиќ покрај победата над Штруф, во Дејвис Купот славеше и против Новак, исто така во два сета.