Ѓоковиќ: Немаше да бидам тука ако не верував во победа над Надал

Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ стигна до уште едно полуфинале на Ролан Гарос. На патот до титулата, српскиот ас ќе ја има најтешката задача, да го победи Рафаел Надал.

Неговиот голем ривал лани го декласира во големото финале. Првиот светски рекет најавува дека е подготвен за овогодишното соочување со рекордерот по бројот на освоени трофеи во Париз.

„Јасно е дека ова е полуфиналето кое сите го очекуваа. Се надевам дека ќе бидат подготвен за подобра игра од ланското финале. Квалитетот на мојата игра од последните три недели на земја ми дава самодоверба во тоа. Верувам дека можам да победам, немаше да бидам тука да не беше така“, вели Ѓоковиќ.

Надал загуби еден сет и го елиминира Шварцман на патот до полуфиналната фаза. Сличен исход имаше и мечот по кој српскиот тенисер го победи Беретини.

Тенискиот спектакл кој сите го очекуваат е закажан за в петок.