ВИДЕО: Ѓоковиќ и Степанек се надигруваа со провокации и забава

Најдoбриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на тенискиот Мастерс во Торонто по победата над Радек Степанек од Чешка со 2-0 во сетови. Во чуден меч исполнет со многу провакции, Србинот беше доминантен, а реакциите по важните поени беа неспецифични за двајцата тенисери.

Најнапред Ѓоковиќ по важен поен „свиреше виолина“, а веднаш потоа на ист начин возврати Чехот.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со уште еден Чех, Томаш Бердиќ кој го совлада Харисон во три сета 6-4, 6-7/4, 6-4. Милош Раониќ лесно влезе во преостанатата осумка со победата од Доналдсон со 2-0 во сетови, 6-2, 6-3. Бугаринот Димитров беше подобар од Иво Карловиќ со 6-3, 7-5, а во следниот круг се пласираа и Монфилс и Вавринка.