Ѓоковиќ: Финалето ќе го играм како да е последен меч во мојата кариера!

Новак Ѓоковиќ финале

Новак Ѓоковиќ го преживеа полуфиналето со Александер Зверев и ќе игра за четврти Грен слем трофеј во тековната сезона.

>>> Ѓоковиќ го доби спектаклот во пет сета со Зверев и закажа финале со Медведев!

Негов противник ќе биде Данил Медведев. Русинот стои на патот на историскиот „Златен слем“ на првиот носител на УС Опен.

„Останува уште еден меч. Ќе ги оставам мојот ум, тело и дух во финалето. Ќе го третирам дуелот како да ми е последен во кариерата“, најави Србинот.

Зверев беше најголемата пречка за Ѓоковиќ на патот до мечот за нов трофеј во Њујорк. Сега останува уште да го надигра Медведев, против кого се соочи во финалето на Австралија опен на стартот на 2021 година.

Големото финале во машка конкуренција е закажано в недела во 22:00 часот.

Најнови вести од
УС Опен