Ѓоковиќ до Вимблдон сигурно е на врвот, а потоа...

Ѓоковиќ

Врвот на АТП листата долго време е во сопственост на Новак Ѓоковиќ. Прворангираниот тенисер со пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос и елиминацијата на Данил Медведев си обезбеди уште четири недели на првата позиција.

Потоа следува Вимблдон, каде работите би можеле да се променат. Србинот ја брани титулата од последното издание на турнирот, па во случај да не го повтори успехот, ќе загуби голем број поени.

Рускиот ас, пак, немаше настап за паметење пред две години. Тогаш загуби во третото коло, па ќе се обиде со забележителен успех да се закани на првото место на Ѓоковиќ.

Евентуална победа на српскиот тенисер во Париз би можела да му ги отвори вратите да остане на врвот на светската ранг листа до крајот на годината.