ВИДЕО: Фернандез со емотивен говор доби громогласни овации од 24.000 навивачи

Фернандез

Лејла Ани Фернандез ги освои срцата на фановите во Њујорк по финалето на УС Опен. Канаѓанката загуби во дуелот со Ема Радукану, но одушеви со пораката која ја испрати и ја посвети на жртвите од трагичниот настан од 11 септември 2002 година.

На денот кога се играше финалето во женска конкуренција, градот одбележа јубилеј од немилиот настан од пред две децении, кога се случи светски познатиот терористички напад на Светскиот трговски центар.

„Знам дека овој ден е тежок особено за Њујорк, но и за сите во Соединетите Американски Држави. Само сакам да кажам дека се надевам дека по овој пораз ќе можам да бидам толку силна и издржлива како што беше овој град во последните 20 години“, рече тинејџерката.

Емотивниот говор на Фернандез беше проследен со овации од околу 24.000 гледачи на распродадениот стадион „Артур Еш“.