Фелисијано Лопез лесно против Хасе за титула во Гштад

34-годишниот шпански тенисер, Фелисијано Лопез, е освојувачот на АТП турнирот во Гштад, Швајцарија. 

Шпанскиот ветеран за нешто повеќе од еден час во финалниот дуел беше поуспешен од Холанѓанецот, Робин Хасе, победувајќи го во два сета 6-4, 7-5.

За 21. тенисер на светот ова е прв трофеј во оваа година од вкупно седумте во неговата кариера, а исто така прва победа против Хасе по пауза од четири години.