Федерер: Доколку се чувствувам исто како денес нема да настапам на Ролан Гарос

Роџер Федерер повреда

Поради проблемите со грбот, Роџер Федерер го откажа настапот на турнирот во Мадрид, а денес и во Рим беше поразен од страна на Доминик Тием со лесни 2-0.

Според зборовите на Швајцарецот по денешниот меч, се уште чувствува болки во грбот и најави дека доколку продолжи истата ситуација, нема да настапи на отвореното првенство во Франција.

„Претходните неколку недели беа многу тешки за мене. Мислам дека во ваква состојба нема да можам да одиграм достоен турнир во Париз. Верувам дека можам да стигнам до посакуваното ниво. Следните 7-9 дена ќе бидат клучни за мене“ , изјави швајцарскиот тенисер. 

Ролан Гарос ќе започне на 22 мај, а бранител на титулата е неговиот сонародник и колега од Дејвис куп репрезентацијата на Швајцарија, Станислав Вавринка.