Фабио Фоњини го освои турнирот во Умаг и пехарот го доби од неговата девојка Пенета

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини е победник на АТП турнирот во Умаг во Хрватска, откако многу полесно од предвиденито го совлада Андреј Мартин од Словачка со 2-0 во сетови (6-4, 6-1).

Контроверзниот италијански тенисер полесно од предвиденото го победи 124. тенисер на светот според АТП листата на централниот терен на „Стела Марис“. Изненадување за Фоњини беше тоа што пехарот за победата на турнирот му го предаде неговата девојка Флавија Пенета. 

Ова е втора титула во Умаг за Италијанецот, а прва во календарската година. Оваа сезона турнирот во Умаг беше еден од најсиромашните, заради големиот број подготовки на најдобрите светски тенисери за Олимписките игри, каде мечевите ќе се играат на тврда подлога.