Директорот на АО повторно за вакцинацијата и Ѓоковиќ: Пораката е јасна, кој сака да игра... 

Директорот на Австралија Опен, Крег Тили е убеден дека до јануари 2022 година, 95% од тенисерите ќе бидат вакцинирани. Грен слем турнирот во Мелбурн ќе се игра од 17 до 30 јануари 2022 година, а на истиот ќе можат да играат само вакцинирани тенисери.

Откако најдобриот светски тенисер и бранител на титулата, Новак Ѓокови, сè уште не открил дали е вакциниран, прашање е дали во Мелбурн ќе ги гледаме сите најдобри тенисери.

„Од почетокот кажавме дека ги следиме упатствата на главните медицински работници и институции, како и на владата на нашата земја во врска со вакцинацијата и турнирите. Пред неколку недели само 50% од тенисерите беа вакцинирани, денес е 85% и тоа е наша заслуга. Мислам дека до турнирот бројката ќе порасне до 95%.

Што се однесува до Ѓоковиќ, тој никому не открил дали е вакциниран. Верува дека има право на тоа. Пораката е јасна - кој сака да игра, мора да се вакцинира со призната вакцина“, заклучи Тили.

Со оваа изјава директорот на Австралија Опен уште еднаш порача дека нема да „има попуст“ за ниту еден тенисер, па макар тој бил и најдобриот на светот и најтрофејниот на овој Грен Слем.